Наши ѕвезди

Живее во Австрија, но создава музика на македонски – неговата нова песна освојува на прво слушање

„Како во приказна“, нова песна на Џими Роџерс

Advertisement

Музичарот Џими Роџерс или Владo Поповски овие денови го промовираше својот нов сингл, насловен „Како во приказна“.

Промоцијата на песната беше во „Beer garden“ на 17 ноември, а во Битола ќе се одржи во „Порта Џез“ на 22 ноември.

Advertisement

Џими речиси цели три децении претставува екстра фин блуз, во комбинација со нежен и ритмичен свинг, интензивен рок и балади кои освојуваат на прво слушање.

Фејсбук/ Џими Роџерс

Тој е пејач, но и гитарист и текстописец, а неговите песни најчесто се за изгубена љубов, но и за слободата и сите оние останати моменти што го прават живото вреден за живеење.

Џими долги години живее во Салцбург, Австрија, а досега има настапувано како низ Европа, така и низ целиот свет.

Фејсбук/ Џими Роџерс

Неговите песни секогаш имаат силна и емотивна порака, а како звучи новата песна, слушнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button