CelebrityНовости

Жика си купил гробно место и тоа ќе се изненадите до кого – „ќе бидат највеселите гробишта“

На мир ќе ги правиме и Ѕвездите на Гранд и Никогаш не е доцна - вели Жика Јакшиќ.

Advertisement

Познатиот водител и продуцент Жика Јакшиќ откри дека уште пред осум години купил свое гробно место на Новите бежаниски гробишта во Белград, и тоа веднаш до својот долгогодишен пријател и соработник, легендарниот Саша Поповиќ.

принтскрин јутјуб

„Тоа ќе бидат највеселите гробишта на светот. Ќе можеме на мир да ги правиме и ‘Ѕвездите на Гранд’ и ‘Никогаш не е доцна’“, изјави низ смеа Жика во емисијата „Глам и драма“.

Advertisement

Саша Поповиќ, еден од највлијателните имиња на балканската естрада, почина на 1 март 2025 година во Париз, а беше погребан на Бежаниските гробишта во Белград. Со него Жика споделуваше повеќедецениско пријателство и професионална соработка, токму тие двајца беа двигателите на најгледаните музички емисии на Балканот, кои создадоа десетици ѕвезди на народна и забавна музика.

Во разговорот, Јакшиќ открил и еден малку познат детаљ, дека првично гробното место било наменето за нивниот пријател, композиторот Бане Обрадовиќ, кој подоцна му го отстапил на Поповиќ по неговата ненадејна смрт.

„Јас го купив местото пред седум-осум години. Првично требаше таму да биде Бане, но кога Саша замина ненадејно, тој му го отстапи местото. Така, кога ќе дојде време, јас ќе бидам покрај Саша, и верувајте, тие гробишта нема да бидат тажно место, туку полни со дух и хумор што нè поврзува целиот живот,“ раскажа со карактеристична ведрина Јакшиќ.

Потсетуваме, Жика Јакшиќ на 20 јуни доживеа мозочен удар, по што беше итно хоспитализиран и опериран. И денес, Жика се опоравува од ударот, но последиците, како што вели, сè уште се чувствуваат, а на главата му останала и видлива лузна од шлогот.

„Сè уште пишувам потешко и ја чувствувам десната страна како хендикепирана. Понекогаш ми недостига збор, ми се создава конфузија во главата. Но не се предавам, двапати неделно одам на логопед, правам вежби за меморија, читање и масажа на јазикот, образите и лицето“, откри неодамна водителот на ‘Никогаш не е доцна’.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button