Жика се соочува со сериозни здравствени проблеми – гледачите се прашуваат што се случува со шоуто
Еве што ќе се случува со Жика од септември

Оваа вест изненади многумина
Познатиот водител кој воедно е и идеен творец на „Никогаш не е доцна“ откри дали од септември се враќа на малите екрани.
Тој не можеше да присуствува во финалето затоа што заври во болница, но неговата состојба од ден во ден се подобрува.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
По излегувањето од болницата Жика максимално се посвети на своето здравје и со помош на стручни лица и најблиските водителот повторно е спремен за нови предизвици и победи во животот.
И како што пренесува официјалниот портал на „Гранд“ продукција, Жика од оваа есен повторно ќе го гледаме на малите екрани.
Принтскрин/ Јутуб, Ами-џи шоу
Тој наводно има терапии и со логопед вежба секој ден, а по излегување од болницата редовно оди и на физиотерапија.
„Состојбата ми се подобрува, како што гледате. Нормален, здрав… Имам уште некои проблеми во говорот, ама тоа ќе се поправи со тек на времето“, изјави неодамна Жика за „Информер“, па го додаде и следново:
„На малите екрани се враќам од есен“ изјави тој.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Жика и покрај тоа што е многу популарен во регионот, за него и неговото семејство се знае многу малку.
Тој ретко зборува за својот приватен живот, па затоа многумина се изненадени кога ќе дознаат и кој е неговиот брат.
Принтскрин/ Јутуб, Ниво 23
Имено, Жика има роден брат кој е познат пејач и чии песни се поприлично познати, посебно во соседството.
Станува збор за Владимир Јакшиќ Муса кој беше дел од рок групата „Револвери“ која беше многу популарна во 90-тите.
Муса долго време не беше дел од јавната сцена, но пред неколку години се врати и сега ја предводи групата „Екс Револвери“, а неговите албуми му ги продуцираше токму неговиот брат Жика.