Жика покажа каде живее, луксуз пршти од секој агол, но има и катче за молитва – еден детаљ открива колку е детинест
Жика Јакшиќ ја отвори вратата на својот дом на Бежанијска коса, a луксузот го одзема здивот.

Водителот и продуцент откри детали за својот дом и секојдневието во кое ужива, без да се занимава со домашни обврски.
Водителот и долгогодишен член на шоу-бизнис сцената, Жика Јакшиќ, во разговор за српски „Ексклузив“ откри дека неговиот дом се наоѓа на Бежанијска коса, каде што живеат и многу други јавни личности.

„Кога дојдов во 2003 година, едно време дури и ноќевав кај Саша Поповиќ. Бежанија ми беше првата станица. Тогаш живеев во Швајцарија, а бидејќи седиштето на Гранд беше тука, ми беше природно да живеам токму во овој дел од градот. На крајот, направив куќа“, рече Јакшиќ, кој ја отвори вратата на својот дом за екипата на „Ексклузив“.

Домот на Јакшиќ плени со луксуз и внимателно уреден ентериер, среден во сини и сиви тонови. Во едно катче се гледа дека има повеќе икони, но еден детаљ привлекува внимание како „натрапник“ во просторот – плишаното меченце со црвено срценце.
Тоа што плени, покрај елеганцијата, е и чистотата.

Сепак, тој признава дека не се занимава со одржување на хигиената во домот.
„Не одржувам ништо сам. Тука е Жељка, жена која кај мене работи веќе повеќе од 10 години. Таа се грижи за перењето и чистењето“, откри Жика.
Потсетуваме, Жика неодамна откри дека уште пред осум години купил свое гробно место на Новите Бежаниски гробишта во Белград, и тоа веднаш до својот долгогодишен пријател и соработник, легендарниот Саша Поповиќ. Всушност Жика го купил гробот пред Саша.
„Јас го купив местото пред седум-осум години. Првично до мојот гроб требаше да биде Бане, но кога Саша замина ненадејно, тој му го отстапи местото. Така, кога ќе дојде време, јас ќе бидам покрај Саша, и верувајте, тие гробишта нема да бидат тажно место, туку полни со дух и хумор што нè поврзува целиот живот,“ раскажа со карактеристична ведрина Јакшиќ.
„Ќе можеме на мир да ги правиме и ‘Ѕвездите на Гранд’ и ‘Никогаш не е доцна’“, додаде водителот во својот познат хумористичен стил.



