CelebrityTV

Жика отворено за релацијата со Сузана и за своето здравје – без влакна на јазикот!

Жика Јакшиќ се врати на работа и откри бројни детали за здравјето и за релацијата со Сузана.

Advertisement

Познатиот музичар и продуцент Жика Јакшиќ по два месеца повлекување од сцената, но и молк, се појави во јавноста на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“ по која, како водител, е препознатлив во целиот регион. Ова беше неговото прво појавување по мозочниот удар кој го преживеа.

Јакшиќ откри дека веќе не е во контакт со вдовицата на Саша Поповиќ, додека за своето здравје вели дека закрепнува успешно, иако процесот на рехабилитација сè уште трае.

Advertisement

На прашањето на новинарите дали кумата Сузана Јовановиќ му се јавила по влошувањето на неговата здравствена состојба, Жика Јакшиќ одговори:

– Сузана не ме побара, не сме се слушнале од погребот. Всушност, ни претходно не сме се слушале, јас секогаш комуницирав со Саша, така што тоа го разбирам.

Потсетуваме дека Саша и Жика своето долгогодишно пријателство го крунисаа дури и со кумство. Во октомври 2010 година Поповиќ го венчаше Јакшиќ со неговата избраничка Дајана Пауновиќ, а бидејќи меѓу гостите имаше многу луѓе од естрадата, на микрофонот се менуваа врвни пејачи, како Ана Бекута, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ, Аца Лукас, Драган Којиќ Кеба, па и самата Сузана Јовановиќ.

Advertisement

По одговорот што не беше изненадувачки за тоа дека не е во контакт со Сузана, Жика се осврна на својата рехабилитација.

„Среќен сум што успеав да се рехабилитирам. Не сум на 100 проценти, можеби сум 85-90. Понекогаш ми недостига збор во разговор, но тоа повеќе јас го забележувам отколку соговорникот. Рехабилитацијата продолжува“, изјави Жика.

Тој се присети и на денот кога му се слошило.

„Утрото почувствував дека нешто не е во ред, лицето ми „падна“ на едната страна и зборував како пијан. Среќа, веднаш отидов во болница каде ми беше укажана помош“, раскажа водителот.

Јакшиќ призна дека самиот е виновен за здравствените проблеми, бидејќи со години водел неуреден живот и не ги земал препишаните лекови за висок притисок.

„Ова ми е опомена. Сфатив дека мора да се биде дисциплиниран и да се слушаат докторите“, рече тој.

Во тешките моменти најголема поддршка му биле неговиот син Андрија, снаата и пријателите. Сега пак, Жика тврди дека е доволно стабилен за да се врати на сцената и да продолжи со своите професионални обврски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button