Жика Јакшиќ сурово искрен – откри зошто не дошол на поменот на Саша Поповиќ
Жика Јакшиќ откри зошто не бил на шестмесечниот помен на Саша Поповиќ.

Помина половина година од смртта на естрадната легенда и најзаслужниот човек за успехот на Гранд продукција и „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ, а семејството пред неколку дена организираше шестмесечен помен.
Меѓу присутните на гробот на Саша недостасуваше неговиот долгогодишен колега и пријател Жика Јакшиќ, што предизвика бројни реакции и прашања во јавноста.
Во изјава за српските медиуми, Јакшиќ отворено го кажа својот став и ја објасни причината за неговото отсуство:
– Никој не ме информираше за тоа, навистина не знаев. Ме прозиваа и за четириесет дена, но ни тогаш никој не ми јави дека ќе се одржи помен. Требаше некој да ме извести. Веројатно Сузана повикала потесен круг пријатели и оние кои со него се дружеа во последно време. Ќира денеска сврати кај мене и од него дознав. Без разлика на мојата здравствено состојание, ќе отидев доколку знаев – изјави Жика Јакшиќ.

Тој додаде дека, иако не бил присутен на поменот, не заборава да му оддаде почит на својот пријател:
– Бев на гробот неодамна, запалив свеќа и тоа е еден вид почитување кое јас го имам кон него – заклучи Јакшиќ.
Потсетуваме дека Јакшиќ, неодамна доживеа мозочен удар и беше хоспитализиран, но сега е стабилен и опоравувањето е во тек. Според неговите блиски пријатели, популарниот водител кој гледачите едвај чекаат да се врати на екраните, е во многу подобра состојба од онаа во која што беше пред десетина дена и опоравувањето оди како што е предвидено од лекарите кои се оптимисти. Јакшиќ моментно е на домашно лекување и препорачано му е да мирува.