Првата емисија од новата сезона на „Никогаш не е доцна“ беше исполнета со силни емоции, трогателни приказни и впечатливи настапи, но моментот што го засени сето тоа се случи на самиот крај, кога водителот и авторот на емисијата, Жика Јакшиќ, одлучи да земе збор.
Видливо потресен, Жика ѝ се обрати на публиката и на натпреварувачите, осврнувајќи се на изминатите два месеца, кои за него биле исклучително тешки поради здравствени проблеми.
Како што искрено сподели, борбата не била лесна, но со Божја помош успешно се опоравил и со огромна желба се вратил на сцената што толку многу ја сака.
– Кога го гледав финалето минатата година, седев покрај телевизорот, бев шлогиран. Не можев да зборувам, но емисијата навистина беше величествена. Бев горд на сите, но во тој момент ме обзеде тага. Не знаев тогаш дали ќе се опоравам, дали ќе можам толку брзо повторно да застанам на оваа сцена. Си замислив како би ми изгледал животот без емисијата „Никогаш не е доцна“. Тргнав од претпоставката дека можеби нема да можам разговетно да зборувам, но мозокот ми беше во функција, ќе најдам друга работа. Ми падна на ум дека можеби нема да бидам дел од емисијата и да се радувам заедно со вас – рече Жика и додаде:
– Потоа сфатив дека емисијата навистина е дел од мојот живот. И ми стана тажно при самата помисла дека нема да бидам со вас. Му благодарам на драгиот Бог што се опоравив. Ви благодарам за поддршката што ми ја дадовте.
Во студиото завладеа тишина, а потоа следеше вест што ги изненади и воодушеви сите.
– Во тоа име, вечерва сите кандидати одат во вториот круг – соопшти водителот, а оваа неочекувана одлука предизвика овации од публиката и солзи кај многу натпреварувачи.