Новости

Жика Јакшиќ шокира каква лекција научил – уште малку живот ми остана…

Водителот по тешкото хоспитализирање говори за времето што му преостанува и за лекцијата што ја научил.

Advertisement

Српскиот водител и продуцент Жика Јакшиќ, кој во јуни 2025 година итно беше хоспитализиран поради сериозни здравствени проблеми, поточно по мозочен удар, денеска искрено проговори за тоа колку време му преостанува и како сака да го помине.

„Времето е пари, луѓето тоа погрешно го толкуваат како материјална добивка, а всушност станува збор за тоа колку е времето вредно и колку е важно да не се троши залудно. Со 60 години сфатив дека зад мене е огромен дел од мојот песочен часовник, а пред мене е уште многу малку – до мојата, да кажам, смрт. Сите ќе дојдеме до тој ден. Тоа малку време што ми остана, по сè што поминав, научив и почнувам да учам како да го ценам и како да го трошам.

Advertisement

Во тој поглед, можам слободно да кажам дека станав господар на своето време, а со тоа и господар на својот живот. Материјално не создадов некои големи богатства, но доволно за да живеам малку посмирено.

Преостанатото време сакам да го трошам паметно – имам и големи планови, не заради пари, туку заради себе. Ако Бог ми подари уште пет, десет или петнаест години, ќе му бидам премногу благодарен. Имам чувство дека во тие години ќе направам многу повеќе за себе и според мојот систем на вредности отколку што направив во изминатите, да речеме, 40 години, првите 20 и не ги сметам за вистински живот.“

принтскрин

Жика додаде дека многу луѓе дури на одредена возраст се „будат“ и сфаќаат дека го протрошиле животот.

Потсетуваме,  на 20 јуни 2025 година, Жика Јакшиќ беше итно хоспитализиран откако ненадејно му се слошило. Од „Гранд“ тогаш соопштија дека состојбата му е стабилна, дека лекарите се оптимисти и дека по неколку дена ќе биде пуштен дома. Сепак, опоравувањето траеше подолго време, а последиците од болеста ги чувствува и денес.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button