Новости

Жика испрати силна порака што секој треба да ја слушне: Народот повеќе не верува во Господ, туку…

Жика знае да ги насмее гледачите, но и да допре длабоко во нивните души, за што секогаш добива аплауз...

Advertisement

„Го запоставивме нашиот дух, никој повеќе не се занимава со духовното, туку само со материјалното…“

Овие неколку реченици што Жика Јакшиќ ги изговори во една емисија оставија силен впечаток кај многумина.

Advertisement

„Јер за љубав треба имат душу“, се стихови од една позната пена која Жика Јакшиќ во една пригода детално ја анализираше.

Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна

Водителот тогаш детално ја анализираше песната, а на неговиот коментар овие денови се присети и официјалниот портал на Гранд.

Advertisement

„Пораката на песната е дека за Бог и љубов треба да се има душа, и само тогаш сé ќе ти се покаже и тогаш ќе имаш љубов колку сакаш. Затоа ви велам, чувајте ја вашата душа! Сите влеговме во тоа материјално, повеќе народот не верува во Господ, туку верува во парите. Никој не се занимава со духовното туку само со материјалното. Да се купи лудило автомобил, скапа чанта од 5000 евра, бунда, чуда. Сето тоа е убаво, живееме во материјален свет и треба да заработиме пари и треба да заработиме со нашата работа и труд, но проблемот е што го запоставуваме нашиот дух. Запомнете го сето ва, Жика понекогаш кажува и по нешто паметно“, порача Жика тогаш со неговата препознатлива насмевка, по што следуваше громогласен аплауз од публиката.

Потсетуваме, Жика не можеше да присуствува во финалето на шоуто „Никогаш не е доцна“, бидејќи беше болен.

Тогаш се огласија и од продукцијата и открија дека Жика се наоѓа на болничко лекување откако му се слошило претходно.

Принтскрин/ Јутуб. Никогаш не е доцна

И како што објавија тогаш од „Гранд“, неговата ситуација се подобрила и дека му е потребен одмор за да закрепне целосно.

„Во овој момент, најважно е Жика да добие мир неопходен за да закрепне, па затоа ве замолуваме да ја почитувате неговата приватност и да му овозможите потполно да се посвети на своето здравје, како би се што побрзо вратил на секојдневниот нормален живот“, соопшти тогаш „Гранд“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button