CelebrityTVНовости

Жика искрено за последиците по мозочниот удар – еве со што се бори водителот

Познатиот продуцент и водител Жика Јакшиќ открива како изгледале првите денови по мозочниот удар, борбата за опоравување и зошто денес преку видеа сака да ги предупреди луѓето дека со здравјето не смее да се игра.

Advertisement

Познатиот продуцент и водител Жика Јакшиќ на 20 јуни доживеа мозочен удар, по што беше итно хоспитализиран и опериран.

Денес, повеќе од четири месеци подоцна, Жика се опоравува, но последиците, како што вели, сè уште се чувствуваат, а на главата му останала и видлива лузна од шлогот.

Advertisement

Во првото интервју по тешкиот здравствен предизвик, дадено за телевизијата УНА, Јакшиќ отворено зборува за моментот кога сфатил дека нешто не е во ред.

„Станав едно утро, се истуширав и ништо не забележав сè додека не почнав да се бричам. Чувствував како десната рака да не е моја, а во огледалото видов дека десната страна на лицето ми е спуштена. Не можев ни да зборувам. Веднаш сфатив дека станува збор за мозочен удар“, раскажува Жика.

Од домот веднаш бил одвезен во КБЦ Бежанијска коса, а потоа во болницата „Свети Сава“, каде што лекарите реагирале навремено.

„По 24 часа почнав повторно да зборувам, но како најпијан човек“, додава тој.

принтскрин јутјуб

По седум дена во болница, следеле месеци рехабилитација и интензивна терапија, благодарение на кои денес може да каже дека закрепнал околу 90 проценти.

„Сè уште пишувам потешко и ја чувствувам десната страна како хендикепирана. Понекогаш ми недостига збор, ми се создава конфузија во главата. Но не се предавам, двапати неделно одам на логопед, правам вежби за меморија, читање и масажа на јазикот, образите и лицето“, открива Јакшиќ.

Жика на социјалните мрежи редовно споделува видеа од својата рехабилитација, со цел да ја подигне свеста за превенција и грижата за здравјето кај луѓето.

„Сакам луѓето да разберат дека со здравјето не се игра. Сè може да се изгуби за неколку секунди“, порачува популарниот водител.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button