Жешки сцени на Викторија Лоба со уште една русокоса Македонка – цела плажа гледа во овие убавици
Еве како изгледа кога две згодни Македонки ќе танцуваат ламбада на плажа

Нашата позната поп-пејачка Викторија Лоба веќе некое време ужива во својот одмор, но и редовно се огласува.
Пејачката сега на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии и снимки на кои можевме да видиме како ужива со уште една русокоса убавица што остава без здив.
Имено, на една од овие снимки Викторија ужива со македонскиот модел и модна креаторка Илариа Кирилов од Куманово.
Инстаграм/ Илариа Кирилов
Тие и двете позираат во сини костими за капење кои совршено ги истакнаа нивните беспрекорни тела и атрибути.
Снимката посебно привлече внимание бидејќи тие танцуваат ламбада, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Пред оваа снимка Викторија сподели и фотки на кои е сама, а во фокусот повторно е нејзиното бомбастично тело.
Инстаграм/ Викторија Лоба
Овој пат носеше костим за капење во розова нијанса, а како познатата русокоса изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Викторија Лоба
Ти си родена убавица. Што друго да се каже за тебе девојко. Убавица родена! И стас и глас во едно што се вика, беше само еден од коментарите што оваа Македонка со руско потекло ги доби на Инстаграм.
Инстаграм/ Викторија Лоба
Потсетуваме, Викторија објави и неколку белфи-фотографии, односно фотки на кои во преден план е „позадината“.
Како изгледаше и во ова издание, но и каква убавица е и нејзината мајка, погледнете во текстот што следува:
Нашата пејачка ги распамети и мажите и жените – ќе се изненадите каква убавица е и нејзината мајка