Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Женски хороскоп за декември: Месец за големи промени!

Реклама

Астролозите ви советуваат како позитивно да ја дочекате Новата година…

ФОТО: uk.style.yahoo.com

Овен

На жените родени во овој хороскопски знак астролозите им предвидуваат промени на полето на љубовта. Зголемена енергија исто така ќе биде присутна, со поголема доверба во себе.

Бик

Декември е месец кога би требало да се посветите на себе: одете на козметичар, маникир, педикир, кај фризер, па и обновете го гардероберот. Најдобро е оваа година да ја завршите во најпозитивно расположение, за да стартувате среќни во Новата година. Декември е добро време и за промена на работното место.

Маркетинг

Близнаци

Познато ви е дека негативната енергија предизвикува разни болести. Затоа, одморот во декември ќе ви помогне да го решите проблемот со расположението и да си ја зголемите енергијата. Декември е поволен месец за љубовни врски и прекрасно поминато време со семејството.

Рак

Декември е овде за да ви ги исполни вашите соништа. Раковите ќе станат многу успешни жени, посебно на полето на љубовта, така што ќе ја надминат осаменоста. На полето на работата подобро е да преземате едноставни задачи и никому да не зборувате за своите амбиции и планови за во иднина.

Маркетинг

Лав

Лавиците во почетокот на декември ќе бидат во гужва и тоа во повеќето животни области. Втората половина од месецот ќе донесе стабилност, но и конфликти кои вешто треба да се избегнат. Најдобро е Лавиците да се посветат на трошењето пари: купување подароци за Нова година, обнова на гардероберот, извршување важни обврски…

Девица

Љубовта во Декември ќе стане најважна за Девиците кои бараат врска. Втора по важност за нив е областа на парите и работата. Мора да се обидете мирно да реагирате на критиките и да доенсете вистински одлуки. На крајот од месецот издвојте време за семејството и своите сакани.

Вага

Вагата секогаш тежнее да поминува време со семејството. Затоа, посетете ги родителите, пријателите. Заедничките семејни патувања и активности добро ќе ви влијаат на расположението. Вагата мора да се фокусира на своето здравје. Морате повеќе време да се движете и да вдишувате чист воздух.

Скорпија

Овој месец на Скорпиите финансиите ќе им бидат на прво место. Во втората половина од месецот, Скорпиите може да очекуваат добивки. Фокусирајте се на подготовките за Нова година. Астролозите препорачуваат да не ги оставате работите за понатаму и да не се откажувате на половина пат. Активностите ќе ви доенсат пари, но ќе бидете и склони кон лоши мисли.

Стрелец

Жените родени во овој хороскопски знак ќе бидат насочени кон тоа да стекнат наклонетост од мажите. Декември ќе биде месец на големи љубовни победи и судбоносни средби. Ако можете да се опкружите сео оптимистични луѓе и да се наполните со позитивна енергија, тогаш среќата ќе ви се насмевне и на работното место.

Јарец

Секој знак има свои доблести и слабости. Во почетокот на декември, Јарците ќе ги покажат своите недостатови, кои може негативно да им влијаат на работата. Исто така астролозите препорачуваат ограничување на трошоците во почетокот на месецот. Дури и при подготовките за новогодишните презници, парите морате да ги трошите внимателно. Пријателите и роднините ќе ви помогнат да донесете позитивни промени во животот.

Водолија

Водолијата има ужасни навики од кои мора да се ослободи во декември. Сите проблеми кои ќе ви се случат, мора да ги прифатите мирно. Мора да се сетите дека сите луѓе имаат подеми и падови. Астролозите ви советуваат да не заборавите дека успехот исто така може да нанесе еден вид штета.

Риби

Декември е идеално време за физички и интелектуални активности. На полето на работата и во љубовта, за Рибите нема да има препреки. Можете да ги остварите своите соништа, да запознаете пријатен човек, да постигнете склад во врската, да ги решите сложените деловни проблеми. Главна работа е никогаш да не попуштите пред потешкотиите.

Совет за сите хороскопски знаци е во месец декември да се ослободат од сите непотребни работи. Исто така добро е де ја прекиенте комуникацијата со негативните луѓе.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button