Реклама
MAMAКафе муабет

Еј жено! Дигни ја главата и избриши ги солзите, вредиш многу повеќе отколку што мислиш!

Реклама

Жено, ти си најубавото суштество кое Бог го создало.

Ти си потреба, создадена си како поддршка, пријател, утеха, создадена си да бидеш сакана, а не искористувана и заменувана.Ти си создадена да бидеш најдобар другар, а другарите никој не треба да ги лаже и да ги изневерува. Ти си жена, не си опција. Тебе те чекаат, ти не чекаш. Поради тебе се прават чуда, се поместуваат планини и се препливуваат мориња, за да ти се докаже дека си сакана.

Маркетинг

А ти чекаш порака? Порака која никогаш нема да дојде. Не чекај, биди онаа која ја чекаат. Зошто? Затоа што си жена и затоа шо вредиш и затоа што така треба. Не дозволувај ништо во животот да ти ја намали твојата вредност. Ти си создадена за некој да може да ја види твојата вистинска сила и подготвеност за живот. Ти си создадена за љубов, да ти пристапуваат како кон некоја светица, а некако кон објект.

Убава си. Погледни ги само твоите раце. Знаеш ли колку вредат? Твоите раце еден ден ќе бидат утеха, нечиј свет, нечиј рај. Твоите раце еден ден ќе лечат рани, гребнатинки и болка. Твоите раце ќе бидат сигурност во времето кое доаѓа. Сигурност во светот преполн со несигурности. Да, ти го можеш сето тоа, зашто ќе бидеш мајка, Дигни ја главата. Можеби престана една приказна. Тоа е една обична приказна за некој кој не го ценел она што го има покрај себе. Тебе те чека многу повеќе. Ти треба да ја живееш својата бајка.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button