Реклама
MAMAКафе муабет

Жено, продолжи, не запирај, и оваа болка ќе заврши

Реклама

Можеби овој период поминуваш низ тешки времиња и мислиш дека никогаш нема да најдеш излез. Се’ што чувствуваш е неизмерна болка која те влече наназад… Но, жено, продолжи напред, не запирај, ќе дојде крајот и на овие тешки времиња.

ФОТО: eyeem.com

Не повредувај се самата себеси уште повеќе. Побарај ја помошта и поддршката која ти е потребна. Продолжи да ја бараш светлината и да најдеш утеха во утрешниот ден. Можеби сега мислиш дека никој не може да ти помогне, но реалноста е поинаква, само што ти во овие моменти не можеш да ја забележиш радостта околу тебе.

Отвори ги очите и обиди се да сфатиш дека вербата не е целосно изгубена. Потсети се дека животот е тркало и дека после дождот доаѓа сонцето. Не, оваа не е бајка, туку е вистина која многумина ја почувствувале, а ќе ја почувствуваш и ти. Нема постојано да врне над твоето небо. Во тие тешки времиња, не заборавај да веруваш во себе и да веруваш дека си способна да се излечиш и да зајакнеш.

Маркетинг

Ако се бориш со нешто овој момент, знај дека колку и да боли, во еден момент работите повторно ќе се наместат на своето место. Ќе сфатиш дека си сакана и дека имаш луѓе околу тебе на кои им си потребна. Стравот ќе заврши. Ноќите нема да бидат толку тивки, застрашувачки и осамени. Ти повторно ќе го пронајдеш твојот пат, затоа, не запирај, продолжи!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button