БизнисИнтервјуНаши ѕвездиПортрети

Жените се способни за бизнис, тоа е 100% докажано – бизнис приказни со Елена Јовчевска

„Како и сите девојки во салон одам и помагам и работам што можам, во секој мој слободен момент без разлика на моето менаџирање на ЕН БЈУТИ“

Реклама
Реклама

Гламур интервју со Елена Јовческа

Елена Јовческа на сите нам добро ни е позната во јавноста со нејзината музичка кариера, но многу малку знаат дека таа е и успешна како менаџер и сопственик на салонот за убавина ЕН БЈУТИ веќе две и пол години. Идејата како што ни кажа Елена неодмна во интервју за Гламур и дошла првенствено да може да се грижи за својот изглед и убавина во сопствен салон. „За мене најголем предзвик беше достигнување на успех на самиот салон и мислам дека го постигнавме тоа. Според мене мислам дека направивме доста за овие две и пол години и се надевам дека се задоволни клиентите од нашите услуги“ вели Елена во разговор за Гламур. Што уште ни откри оваа прекрасна дама, откријте од нејзиното интервју во продолжение.

Приватна архива

Прашање: Елена, како дојдовте на идеја да го отворите салонот за убавина ЕН Бјути?

Искрено не беше ништо планирано. Се запознав со Натали Павловиќ и се беше некако спонтано. Таа работеше во друг салон и дојдовме до прашањето САКАШ ДА ИМАМЕ НАШ САЛОН? И така и е – веќе 2 год и 5 месеци заедно со девојките од ЕН БЈУТИ.

Прашање: Колку жените денес се грижат за својата убавина и колку имаат навика да посетуваат салон за убавина?

Жените во последно време стварно искрено доста обрнуваат внимание на нивниот изглед и реално така треба да биде сепак сме понежна половина и секогаш треба да бидеме средени не само за нас туку и за нашето здравје и изглед.

Маркетинг

Приватна архива

Прашање: Што се нуди Вашиот салон за убавина, какви се услуги?

Кај нас имаме повеќе услуги од кои маникир и педикир, депилација, шминка и фризура, мадеро терапија и lash lifting.

Прашање: Кои беа некои од предизвиците со кои се соочивте во раните фази на започнување на бизнисот со Вапиот салон?

За мене најголем предзвик беше достигнување на успех на самиот салон и мислам дека го постигнавме тоа. Според мене мислам дека направивме доста за овие 2 и пол години и се надевам дека се задоволни клиентите од нашите услуги.

Маркетинг

Приватна архива

Прашање: Урамнотежувањето на барањата за водење успешен бизнис и личниот живот може да биде предизвик. Како одржувате здрава рамнотежа помеѓу работата и животот, и со Вашата друга професија по која сите ве препознаваат, а тоа секако е музиката?

Немам здрава рамнотежа еве вака искрено. Сепак е голема одговорност затоа што работиме работа која е комплексна меѓутоа даваме се од себе да бидеме коректни, успешни и сите клиенти да се задоволни од нашите услуги. Баланс со пеење и работата …. тешко меѓутоа затоа е тука Натали која е одговорна за салонот и до сега успешни се справува со моја помош хахахах….

Прашање: Имате ли некои посебни третмани или нешто по што се издвојува салонот ЕН Бјути?

Па јас мислам дека секој салон си има свои квалитети и е успешен, еве за нас лично можам да кажам дека се извдвојуваме со квалитетот на нашите услуги.

Приватна архива

Прашање: Колку вработени имате и колку е потребна довербата да се даде на некого да го менаџира салонот, а колку Вие лично сте присутни и инволвирани во раководењето?

Вака сега, да разјаснам нешто, јас како и сите девојки во салон одам и помагам и работам што можам во секој мој слободен момент без разлика на моето менаџирање на ЕН БЈУТИ. Довербата се стекнува со самото време поминато заедно и мислам дека успеавме во тоа.

Приватна архива

Прашање: Каков совет би им дале на аспирантите жени претприемачи кои сакаат да се пробијат во индустријата за убавина?

Хахахах прво да се припремат психички за сите работи кои можат да се случат во салонот па се друго попратно во текот на самата работа. Доколку си ја сакаат работата можат да успеат и ништо не е тешко.

Приватна архива

Прашање: Што мислите за жените колку се способни да водат бизнис или дали можат рамо до рaмо да се носат со мажите?

Жените се способни за бизнис тоа е 100% докажано. Кај нас доаѓаат жени кои се доста успешни со свои фирми така да не гледам разлика за успешност т.е и мажите и жените можат да бидат успешни, единствено мое мислење е дека секоја работа не е за жена, како што и секоја работа не е за маж.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button