Сите им се восхитуваат: Само жените полни со самодоверба ги прават овие работи
Знаат дека не се совршени, но не се срамат од тоа и ги прифаќаат своите мани. Тие се фокусирани на своите предности, на она што ги прави уникатни. Исто така знаат како да го истакнат она најдоброто од себе. Еве што прават поразлично жените кои се полни со самодоверба.
Уживаат во времето кое го поминуваат самите со себе
Жените кои имаат висока самодоверба „не бегаат од себе“ и сакаат кога повремено се сами и уживаат во тоа. Не им треба друштво за да не им биде досадно.
Не прифаќаат диктирања од околината
Жените кои веруваат во себе не дозволуваат другите да им кажуваат како треба да изгледаат, што треба да јадат, каде да излегуваат и да пијат…
Повремено го ставаат прстот на чело
Тие не глумат жртва туку се прашуваат што може да направат за да им биде подобро кога се во емотивна, криза на работа и слично.
Сакаат да помагаат за и другите да бидат среќни
Жените кои имаат самодоверба сакаат и оние околу нив да бидат среќни и се трудат да го постигнат тоа. Не им посакуваат зло на другите, затоа што речиси никого не гледаат како своја конкуренција.