Реклама
MAMAСекс

Жените мораат да се дружат за да бидат поздрави

Реклама

Доколку не се гледате често со другарките, ќе го промените своето мислење откако ќе ги видите резултатите од новото истражување кое покажува како дружењето влијае на здравјето на жените. Научниците од Оксфорт утврдиле дека жените треба да поминуваат време со своите другарки, барем два пати неделно, затоа што така ќе го подобрат своето општо здравје.

ФОТО: thelibralife.com

Рубин Дунар, психолог и автор на истражувањето, открил дека општото здравје на жените е подобро кога тие се дружат барем два пати во седум дена, а притоа пијат пиво или озборуваат.

Научниците со ова истражување дошле до податок дека само две од пет жени еднаш неделно излегуваат со другарките на вечера, но многу поретко кога имаат семејство. Така, жените во просек посветуваат многу малку време за негување на пријателските односи. Меѓутоа, важно е и колкава група на другарки е во прашање, па се смета дека што помалку, толку подобро, па не се препорачува дружење со повеќе од три другарки истовремено.

Маркетинг

„Можеби жените треба повеќе и од мажите да ги одржуваат своите пријателски врски. Тоа го зголемува нивото на серотонин и окситоцин“, смета психологот Алиса Руби Баш. „Како старееме, одржувањето на тие врски станува уште поважно. Тогаш имаме повеќе обврски, а пријателите ни се потебни за да не бидеме осамени“, додава Баш.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button