Жените Риби се многу посебни и нежни. Тие се горди на фактот дека им помагаат на многу луѓе и на различни начини. Исто така горди се на себе зашто никому намерно не нанесуваат штета.
Рибите секогаш низ животот се водат со чисто срце, а само тие знаат колку скапо ги чини тоа. Бидејќи секогаш биле водени од своите искрени чувства, многу пати донеле и погрешни одлуки во животот. Најмногу тага имаат им нанесено нивните драги личности, на кои им верувале со сето свое битие. Рибите се вистински ангели со скршени крилја. Меѓутоа, овие личности тешко се менуваат. Одамна имаат сфатено дека им е потребна промена, но одбиваат да се променат. Не сакат да се откажат од својата добрина и поради тоа остануваат, без оглед на се’…
Рибите ги красат бројни квалитети. На нивните особини многумина веќе одамна заборавиле. Пред се’, една работа можете да очекувате од Рибите, а тоа е разбирањето. Тие се личности кои имаат многу разбирање, многу повеќе од сите хороскопски знаци.