Коса

Жените со прекрасна коса никогаш не забораваат на овие правила

Advertisement

Најголемите фризери во светот ги откриваат основните, но најважни тајни за здрава и убава коса, кои докажуваат дека не е важно да имате многу производи, туку да бидете умешни.

 

Advertisement

Најголемите фризери во светот ги откриваат основните, но најважни тајни за здрава и убава коса, кои докажуваат дека не е важно да имате многу производи, туку да бидете умешни. Тајната за одржување на ваква коса не е ниту комплицирана ниту недостижна. Па, погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да имате совршена коса.

Кажете им збогум на пеглата за коса и фигарото

Секако, понекогаш мора да ги користите, но нивната секојдневна употреба е особено штетна за вашата коса. Еднаш во три месеци е во ред, а сѐ што е почесто од тоа, ќе ви го промени квалитетот на косата.

Advertisement

Колку подолго, толку подобро – тренд кој е популарен, но само меѓу славните девојки >>

Спијте на свила

Можеби не сте знаеле, но перниците направени од свила ја намалуваат замрсената коса дури за 32%, во споредба со памучната перница.

pravila

Постојано одржувајте ја чиста вашата коса

Сигурно веќе имате слушнато дека не е добро често миење на косата, но сопственикот на еден приватен фризерски салон, Скот Фонтан, тврди дека косата можете да ја миете и секој ден, доколку знаете да го одберете шампонот кој ви одговара.

Бидете внимателни со сонцето

Штетата која вашата коса може да ја претрпи по само еден ден поминат на сонце, потоа би требало да ја санирате речиси еден месец. Доколку планирате подолго време да поминете на плажа или на места каде што нема заштита од сонце, задолжително дајте ѝ ја потребната заштита на косата.

Кратете ги краевите на секои 8 недели

Не бидете мрзливи, дури ни тогаш кога имате долга коса. Прескокнувањето на оваа навика нема да направи косата да ви расте побрзо, ниту пак да ви биде поздрава, туку напротив. После одредено време влакното станува тенко и почнува да се крши.

Спречете ја штетата пред да биде доцна!

Три бои на коса кои ќе бидат хит оваа пролетна сезона >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button