Жени од целиот Балкан го сакаа овој згоден фолк-пејач од Македонија – неговиот син е ист како него
Ќе се изненадите што прави денес Зоран Ванев

Едно време потполно се повлече од естрадата
Ќе се изненадите што прави денес Зоран Ванев кој имаше неколку хитови кои беа популарни и во соседството, одамна живее во Швајцарија.
Пејачот на врвот од својата популарност реши да се повлече од музичката сцена и замина да живее во Швајцарија.
Тој таму дипломираше на Факултет за природна медицина и стана признат доктор за природна медицина во Швајцарија.
Принтскрин/ МТВ
И како што самиот во една пригода откри, факултетот го студирал пет години, но паралелно се занимавал и со музика, иако не толку активно како на почетокот од кариерата.
Па така Ванев и денес кога не е во својата ординација, тој е во светот на музиката, а во последно време и им се врати на настапите.
Инстаграм/ Зоран Ванев
Пред само неколку дена ја објави и својата нова песна Доаѓа Божиќ, а од фотките што ги објавува може да видиме дека изгледа речиси идентично како и на почетокот од кариерата иако е во шестата деценија.
Имено, Зоран е роден 1973 година во Штип, но естрадниот шмекер и денес важи за мошне привлечен и изгледа фантастично.
Инстаграм/ Зоран Ванев
Потсетуваме, Зоран повеќе од две децении е во брак со Лидија, а неодамна објави фотографија и од неговиот син Ник.
Инстаграм/ Зоран Ванев
Тој е веќе возрасно момче и според многумина потсетува на својот познат татко, а Ванев во една пригода на социјалните мрежи се пофали дека неговиот наследник игра ракомет и дека важи за еден од најдобрите стрелци во клубот за кој што игра.
Инстаграм/ Зоран Ванев
Инаку, Зоран Ванев регионот го освои со песната „Јужна пруга“, а како изгледаше тогаш, погледнете во видеото на крајот…
Инстаграм/ Зоран Ванев
Инстаграм/ Зоран Ванев
Инстаграм/ Зоран Ванев