Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жените Близнаци се најгласни во друштвото, но никогаш не ги откриваат своите тајни

Реклама

Ги знаете ли оние жени кои секогаш привлекуваат внимание, каде и да се појават? Постојат големи шанси тие да се родени во знакот Близнаци, затоа што токму овој хороскопски знак најчесто зрачи со магнетска привлечност, енергија и шарм. Жените родени во овој хороскопски знак вообичаено се и многу активни, сакаат големи друштва и најчесто се вистински екстроверти.

ФОТО: unsplash.com

За себе секогаш тврдат дека имаат многу пријатели, но она што нема да ви го кажат е дека истите луѓе брзо им здосадуваат, па сакаат да ги менуваат друштвата. Жените Близнаци обожаваат да флертуваат, но не дозволувајте тоа да ве измами, затоа што не е воопшто лесно да ги освоите. Тие се полни со самодоверба и свесни за своите вредности, а нивниот широк спектар на знаења и високиот коефициент на интелигенција ретко кој оставаат рамнодушен.

Овие жени се најгласни во друштвото, духовити се и многу забавни, но никогаш не ги откриваат своите тајни, па нивниот приватен живот е вистинска мистерија. Кога вистински ќе се заљубат, тие се подготвени целосно да му се предадат на мажот, а најчесто ги привлекуваат оние кои се целосна спротивност на нив, односно молчеливи и срамежливи фраери. Инаку, од познатите дами родени во овој хороскопски знак се Анџелина Џоли, Никол Кидман, Кајли Миног, Мерлин Мондро и Натали Портман.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button