Жената родена во овој хороскопски знак е дама која се разликува од сите останати. Таа има своја гордост и шарм, каков што ретко кој има. Жената Овен е личност која знае што сака и како сака да го добие тоа, но секогаш на чесен начин.
Оваа дама честопати нема влакна на јазикот, па го кажува она што го мисли. Нормално, поради ова честопати запаѓа во проблеми и кавги, затоа што ретко кој сака да ја слушне вистината. Жената Овен оди на се’ или ништо. Мораме да споменеме дека за жената родена во овој хороскопски знак важи правилото да не се откажува се’ додека не дојде до посакуваното. Се води по тоа дека во животот најважно е да се има некој кој ќе те сака. Затоа, секогаш прави работи за да ги усреќи оние околу себе.
Другите околу неа честопати ѝ зборуваат зошто е толку упорна и не се откажува кога гледа дека некои работи не функционираат, но токму оваа карактеристика на оваа дама прави таа да биде успешна на многу полиња. Секако, таа нема да направи нешто со што би ги повредила другите само за да стигне да остварување на своите цели.
Силна е, затоа што знае дека таква мора да биде
Никому нема да наштети, никого нема да навреди… Но, исто така, ако некој ја повреди неа, таа е моќна да врати со иста мера. Се смета за жена која може да биде посилна од многу мажи, затоа што има свој став. Жената Овен е силна и борбена, никогаш не дава другите да ѝ го променат правецот на движење.