Жената родена во овој знак ќе ве привлече со својата женственост и шарм, но и со својот карактер т.е. со јачината на личноста.
Жената родена во овој знак ќе ве привлече со својата женственост и шарм, но и со својот карактер т.е. со јачината на личноста. Таа знае како суптилно да ве заведе, знае да биде грижлива и нежна, но и многу упорна во остварувањето на своите замисли. Заради сите наведени карактеристики жената Бик е створена за стабилна врска, односно брак. Без оглед што во младоста може да делува недоверливо, заради својата потреба да се допадне на другите, таа сепак бара некој на кого ќе се посвети. Оваа жена мечтае за една љубов низ која потполно ќе се оствари и која ќе и даде сила за сите други напори. За жената Бик љубовта е бавно, долго, страсно уживање. Сака да се возбудува со размислувања за првиот бакнеж пред да дојде до него. Во љубовта се предава на партнерот и ниедна негова мисла не и е туѓа.
Спремна е да ги покаже своите чувства и таму каде што тоа не се очекува. Љубовта за неа е приватна работа, но не бега ни од јавноста. Во сексот е многу страствена и сензибилна. Таа има повеќе ерогени зони од останатите, а моќта на нејзиното либидо е воглавно еднаква на длабочината на нејзините чувства. Има развиено инстиктивно спознание на еротиката. Таа во секоја земја во секој кревет се чувствува како во својот, а сеедно е каде се води љубов … важно е да се случува. Жените родени во знакот на Бик често талкаат низ светот во потрага за идеалниот, а завршуваат в кревет со некој кој е малку необичен. Сетилните уживања ги прима со слухот и мирисот. Најмногу ја возбудуваат милувања по вратот и градите. Таа е чувствителна, нежна и полна со страсти. Премногу троши. Има потреба за грижа, внимание и љубезност.
Во бракот е одлична домаќинка, добра мајка и сопруга. Сака нежност и многу е чувствителна. За неа нејзиниот дом е светилиште во кое за секого има место ако не ја загрозува усогласеноста и хармонијата. Пожртвуваноста, доверливоста и приврзаноста се основни одлики на жената и мајката Бик. Нејзина најголема мана е изразената своеглавост.
Извор: astromagazin.com.mk