Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Заблагодарете ѝ се на пријателката Бик – нема некој кој подобро ќе ги чува вашите тајни

Реклама

Ако имате личност за која чувствувате дека секогаш можете да ѝ ги доверите своите тајни, голема е веројатноста истата да е родена во знакот Бик. Оваа жена своите пријателства ги сфаќа многу сериозно, ги негува, а на своите пријатели несебично им се посветува и им останува верна.

ФОТО: unsplash.com

За возврат, од пријателите очекува иста лојалност, и ако биде така, тогаш пријателството ќе трае за секогаш. За среќа, на оваа жена не ѝ се потребни многу пријатели, затоа што нејзиното мото е квалитетот е пред квантитетот, и тоа вреди за повеќето области од нејзиниот живот, не само за пријателството. Луѓето кои не ѝ се допаѓаат на жена Бик, попрво ќе ги игнорира, отколку да започнува кавга со нив.

Ако вашата најдобра пријателка е родена во овој хороскопски знак, тоа значи дека знае како да го чува и да го одржува пријателството. Освен тоа, Биковите сакаат фини работи, па ќе ве разгалуваат со добра музика и храна, а секогаш се спремни и на трач-партија. Припадниците на овој хороскопски знак не веруваат лесно, туку им треба одредено време за да стекнат доверба. Но, кога ќе ги придобиете на своја страна и кога ќе ви станат верни, имате пријатели на кои секогаш можете да сметате.

Маркетинг

Биковите се верни личности и сечија „последна надеж“. Пријателите им ги доверуваат најголемите тајни, и за нивна среќа, Биковите се апсолутно сигури од оваа страна. Па, веднаш прегрнете ги вашите пријателки Бик и заблагодарете им се што се секогаш тука за вас.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button