Жена во шок откако ја добила сметката за вода – ќе се изнендите, и бараат 10.000 евра за два месеци?!
Живее сама, а треба да плати како да испила цели два Олимписки базени

Никој не би сакал вакво нешто да му се случи…
На една жена од околната на Загреб во текот на минатото лето и дошла сметка за вода заради која се уште има стрес и несоница.
Замислете само да ви стигнат сметките, го отворате пликото, и во него пишува дека претходниот месец сте потрошиле околу 6000 метри кубни вода – со оваа количина може да наполните два Олимписки базени, па со месеци да ги задоволите потребите на цела населба.
Е токму ова и се има случено на 77 годишната Мира Блажиновиќ од Кучиловина, место кое се наоѓа во близина на Загреб.
И како што објаснува оваа бабичка за хрватските медиуми, проблемот настанал на 29. јуни минатата година. Таа била сама дома, но кога излегла во дворот, забележала човек во шахтата.
Принтскрин/ Јутуб
Човекот и објаснил дека дошол да и го замени водомерот, па Мира вели дека тој тогаш не ги затворил вентилите, па така за само два месеци, без да знае, потрошила речиси 6000 кубни метри вода.
И така градската вода течела кон котлината на ридот, нешто помалку од еден километар од нејзината куќа.
Од овие причини нејзината потрошувачка на вода се зголемила преку 650 пати од претходно, а проблемот случајно го забележал незиниот зет кој веднаш го затворил вентилот.
Но и двајцата биле шокирани кога им пристигнала сметката и кога виделе колку вода потрошиле за овој период.
Фото: Фрипик, илустрација
И како што вели Мира, речиси цели три децении живее сама и болна, а сега треба да плати неверојатни 9.800 евра за вода.
Мира откако дознала дека треба да плати сметка од скоро 10.000 евра или да се соочи со извршители, тргнала да се жали по институциите, барајќи помош од шалтер до шалтер, но за сега неуспешно.
„Тоа е толку неправедно“, се жали оваа жена, пишува „Јутарњи лист“, додавајќи дека проблемот со превисоката сметка се уште не е решен.