Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жена Скорпија – никогаш не дава лажни ветувања и секогаш е тука за вас

Реклама

За неа велат дека е вистинска „опасна жена“.

Некои се плашат од неа, затоа што веруваат дека има неверојатна моќ. Еднаш кога ќе ја запознаете жената Скорпија, ќе сфатите колку е таа вредна и достојна за восхитување.

Маркетинг

Оваа жена е верна и тоа е една од нејзините најдобри карактеристики. Ништо не може да ѝ се попречи на патот доколку станува збор за помагање на вистинските пријатели или човекот кој го сака. Таа е една од оние личности на кои слепо можете да ѝ верувате. Не дава лажни ветувања и е лојална до крајот на својот живот.

Маркетинг

Жената Скорпија е независна и не ѝ е потребна личност која постојано ќе внимава на неа. Иако ви се чини мала, кревка и тивка, таа има сила и храброст како една лавица. Токму поради ова, способна е самата да се грижи за себе. Сака слобода и мрази кога ја ограничувате.

Речиси секогаш е одлучна и без сомнежи. Таа длабоко размислува и си поставува свои цели кон кои храбро чекори. Сето друго е неважно додека не го оствари она што го има зацртано. На тој пат никој не може да ѝ го одземе вниманието, колку и да се труди да го направи тоа.

Исто така луѓето може да ѝ позавидуваат и на нејзината страст. Кога сака, таа ќе направи многу работи за другата личност да биде среќна. Доколку не ве сака – подготвена е да направи многу работи за да ви го загорчи животот!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button