Дом и семејство

Жена се врати од смртта по 17 часа и упати срцепарателна молба – семејството и лекарите шокирани

„Постојат работи што како лекари и сестри не можеме секогаш да ги објасниме. Мислам дека ова е еден од тие случаи“, рече д-р Еглстон. „Ова е чудо“.

Advertisement

Смртта на саканата личност е можеби една од најтешките болки што човек може да ја доживее. Но, додека се носат со тага, семејствата мораат да најдат сила и да се подготват за последните ритуали. Понекогаш, во такви моменти, многумина се надеваат дека нивните починати ќе се вратат. Во случајот со семејството на Велма Томас (59), оваа желба се оствари, јавува Телеграф.

Жената од Нитро, Вест Вирџинија, претрпела срцев удар и била прогласена за мртва во болница. Но, 17 часа подоцна, почна да покажува знаци на живот, оставајќи го семејството во шок. А, откако се спасила од смртта, упати една едноставна молба.

Advertisement

Велма Томас претрпела срцев удар дома. Ѝ бил направен CPR, при што за кратко се забележало слабо отчукување на срцето. Сепак, додека ја носеле во болница, срцето ѝ застанало двапати. Морала веднаш да се стави на респираторна поддршка, но било јасно дека е на прагот на смртта.

И покрај напорите на лекарите, не можеле да најдат пулс или отчукување на срцето. Цели 17 часа лекарите набљудувале и се обидувале да ја вратат во живот, но сè било залудно.

Advertisement

Нејзиниот син Тим ги повикал роднините и блиските пријатели да се молат заедно, надевајќи се дека ќе ја врати својата мајка.

„Реков: ‘Боже, само покажи ми нешто’“, се присети нејзиниот внук Даниел Пенс, според Еј-би си њуз.

За жал, тој забележал сосема други знаци, на безживотност.

„Заклучив дека нема да успее. Нејзината кожа веќе почна да се стега, рацете и прстите ѝ се свија, сè беше неподвижно. Немаше знаци на живот“, се присети тој – пишува Дејли меил.

„Навистина немаше никакви невролошки функции“, рече интернистот Кевин Еглстон за Еј-би-си њуз.

Откако не бил пронајден пулс, крвен притисок или знаци на живот, семејството се простило од неа и започнале со подготовките за погреб.

Тим сметал дека е „правилна одлука“ да се исклучи респираторот за семејството да може да ја види уште еднаш.

Но, додека семејството тажело, се случи чудо. На сите им беше изненадување кога, по исклучувањето од респираторната поддршка, таа почнала да се движи. Медицинските сестри забележале мали движења десет минути по исклучувањето и биле во шок.

„Помрдна со раката и мислевме дека се работи за рефлекси“, се присети Пенс. Но, тоа беше повеќе од рефлекс, тоа беше животот што полека и чудесно се враќаше.

За неколку минути, на екранот се појавиле отчукување на срцето и жената јасно покажувала знаци на живот. Таа постепено се разбудила и постави едно конкретно прашање: „Каде е мојот син?“

За среќа, Тим не бил далеку и може само да се замисли радоста на мајката и синот при повторната средба. Имено, таа подоцна раскажувајќи го своето вонтелесно искуство, објаснила дека токму молитвите на нејзиниот син, и на луѓето во собата кои тој ги повикал да се молат за неа, ја вратиле, и дека „секој што си заминува од овој свет треба да се помири со сите со коишто е во несогласување“.

Лекарите и персоналот биле премногу изненадени за да го објаснат „сценариото“.

„Постојат работи што како лекари и сестри не можеме секогаш да ги објасниме. Мислам дека ова е еден од тие случаи“, рече д-р Еглстон. „Ова е чудо. Шансите беа сосема против неа“, додаде тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button