MAMAДом и семејство

Жена родила бебе со ин витро, но веднаш знаела дека не е нејзино – таа бела, бебето темно, сепак многу го засакала, ама…

Откако направила ДНК тест, дознала дека ембрионот на друг пар по грешка бил ставен во нејзината матка. Тоа не ја спречило оваа самохрана мајка да си го засака и да се грижи за своето новороденче, иако тоа генетски не било нејзино, но...

Advertisement

Бела жена која родила црно бебе преку ИВФ и го изгубила старателството над момчето, сега ја тужи клиниката за плодност низ која поминала за да ја направи процедурата.

Кристена Мареј (38) во вторникот поднела тужба против Клиниката за плодност во Савана, Џорџија, нешто повеќе од една година откако се породила во декември 2023 година.

Advertisement

Со оглед на тоа што избрала да има донатор на сперма што е бел, веднаш знаела дека не е нејзиното бебенцето што се родило со темен тен.

Откако направила ДНК тест, дознала дека ембрионот на друг пар по грешка бил ставен во нејзината матка, објави Business Insider.

Тоа не ја спречило Мареј, самохрана мајка, да си го засака и да се грижи за своето новороденче, иако тоа генетски не било нејзино.

Advertisement

Но, само пет месеци по породувањето, Мареј го загубила старателството над детето кое припаднало на неговите законски родители – парот кој го обезбедил ембрионот на клиниката.

„Никогаш не сум се чувствувала толку навредена“, вели Мареј на прес-конференцијата која ја организираше заедно со адвокатската фирма што ја застапува.

Таа додаде дека се чувствува „емоционално и физички скршена“ откако морала да се откаже од своите права на детето за кое целосно мислела дека е нејзино додека не се родило.

Мареј рече дека долго време сакала дете. Таа пронашла донатор на сперма кој бил белец со сини очи и руса коса, физички карактеристики што ги има и таа.

Таа истакна дека иако се чувствувала збунето во моментот кога го родила детенцето со темен тен, знаејќи дека не е нејзино, многу се приврала со него.

„Раѓањето на моето дете требаше да биде најсреќниот момент во мојот живот, и искрено тоа беше“, изјави таа за новинарите, пренесува Дејли меил „Тоа беше и најстрашниот момент во мојот живот“ – додава жената.

Мареј рече дека не објавила никакви фотографии од бебето на социјалните мрежи поради нејзините неодговорени прашања за нивната расна разлика. Таа дури и не дозволила нејзиното семејство да го запознае детето бидејќи знаела дека и тие ќе имаат прашања што нема да може да ги објасни.

Еден месец по породувањето ги добила резултатите од ДНК тестот што го нарачала, потврдувајќи дека не е генетски нејзино бебето.

До март 2024 година, четири месеци откако Мареј се породи, Клиниката за плодност сфатила дека дошло до мешање.

Клиниката потоа стапила во контакт со биолошките родители на бебето на Мареј, кои потоа ја тужеле за да добијат старателство. Мареј ангажирала адвокати во повеќе држави за да се бори против тужбата.

Кога друг ДНК тест потврдил дека Мареј не е мајката, нејзиниот правен тим ја советувал да го предаде детето на парот и да се откаже од старателството.

Таа го послушала нивниот совет и се откажала од бебето во мај 2024 година. Оттогаш таа не го видела детето.

„Да носиш бебе, да се заљубиш во него, да го родиш и да изградиш уникатна посебна врска помеѓу мајката и бебето, сè за да ти го одземат потоа“, рече таа. „Никогаш нема целосно да се опоравам од ова“.

И покрај тоа што е разочарана од ИВФ, Мареј е подготвена повторно да се подложи на процедурата, само во друга клиника.

„Се надевам дека ќе го продолжам моето патување за да станам мајка во следните година или две“, рече таа, пренесува Дејли меил.

Од клиниката за плодност се извиниле со изјава испратена по електронска пошта до Асошиејтед прес, нарекувајќи го она што се случи „грешка без преседан што резултираше со мешање на трансферот на ембрионот“.

„Ова беше изолиран настан без други засегнати пациенти“, се вели во соопштението. „Правиме се што можеме за да ги поправиме работите за оние кои се погодени од овој инцидент.

На прес-конференцијата со Мареј, адвокатот Адам Волф рече дека застапувал и други клиенти кои имале ембриони измешани со погрешна сперма или јајце клетки.

Волф рече дека Мареј сè уште не знае што се случило со нејзините сопствени ембриони.

Фирмата на Волф има застапено повеќе од 1.000 пациенти кои се одлучиле да ги тужат клиниките за плодност за работи како што се ембриони кои се изгубени или оштетени.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button