Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жена Стрелец – љубопитна и силна како карпа, за неа не постојат НИКАКВИ граници!

Реклама

Оваа жена секогаш цврсто стои на земја и за неа не постои зборот „не“. Не знае за граници и секогаш е во потрага по вистината. Станува збор за жената Стрелец.

Таа е личност која навистина може да издржи многу работи. Секогаш се труди да биде успешна и многу вложува во себе и во своето знаење, па сака и да напредува. Се бори да постигне добри резултати и целиот нејзин живот се сведува на тоа. Жената Стрелец е многу љубопитна и ја бара вистината во сите околности. Таа длабоко го анализира секој човек, а исто така е спремна да разговара на различни теми, од политика, до религија и сексуална ориентација.

Маркетинг

Оваа жена е многу шармантна, не сака да ѝ поставуваат граници и ужива во секое ново искуство. Жените родени во овој знак најчесто се искрени и независни, што може да биде одлична комбинација. Ведрината и темпераментноста кои ги поседуваат овие дами, во голема мера помагаат за ублажување на нивното премногу искрено, често грубо, па дури и безобѕирно однесување кон луѓето околу нив. Жените Стрелци со задоволство ќе ви кажат доколку фустанот не ви стои, дека треба да дадете отказ или отворено ќе ви кажат ако вашиот пријател ви работи зад грб. Доколку сте премногу чувствителни или пак не сакате да ја знаете вистината, не прашувајте жена Стрелец за нејзиното мислење. Зачувајте си ги чувствата за себе и обратете се кај некој помалку директен знак.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button