За жената Рак слободно можеме да кажеме дека е грижлива пријателка која секогаш ќе биде тука за вас, ќе ве сослушува и ќе ви обрнува внимание.
Таа е особено истрајна, мудра и ако почувствува дека некој ја провоцира или ја нервира, тивко се повлекува во себе. Посебно чувство не гаи само кон сопствените потреби туку и кон потребите на другите што ја прави еден од најсочувствителните хороскопски знаци. И најмала критика која и е упатена ќе ја прими со срце и нема лесно да ја заборави. Ја краси длабока интуиција поради што вреди да се послуша нејзиното мислење за нешто или некој . Сака нежности и најсигурно се чувствува во својот дом, помеѓу своите сакани.
Грижата за се околу себе ја исполнува и животот и го прави смислен поради што е грижлива пријателка. Таа е онаа која ќе се погрижи сите безбедни да стигнат дома по лудо вечерно излегување и која секогаш ќе се јави да види дали сте добро. Ако ви треба некој да ве утеши, пријателката во хороскопски знак Рак во тоа ќе биде најдобра. Таа е рамо за плачење, и секогаш знае да им даде утеха на луѓето кои ги сака. Своите пријателства ги чува како највредно богатство, а со тоа се и сами пријателки кои вреди да ги чувате.