Оваа симпатична жена честопати знае да биде непредвидлива и променлива. Таа не ака критики, не сака да биде исмејувана од другите, ниту пак отфрлена.
Што побрзо го сфатите ова, толку полесно ќе си го олесните живеењето со оваа личност. Нејзината природа е менува многу често, па неретко може да ја видите како плаче. Ако не сакате жени со очи полни со солзи, тогаш дефинитивно жената Рак не е вистинскиот избор за вас.
Повеќето работи ги сфаќаат сериозно, и речиси никогаш не знае каде треба да ги постави своите граници. Жената Рак ги цени работите кои ги поседува и љубоморно ги чува. Тука секако е вклучен и мажот од нејзините соништа.
Таа не е толку љубоморна, колку што е посесивна. Нејзината посесивност е чудна, но никогаш агресивна. Трпеливо чека да поминат сите турбуленции, па повторно да се врати во нормала. Таа е мајчински настроена и за своето семејство може да го жртвува и животот. Затоа, никогаш не потценувајте ја!