Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жена Овен – никогаш не бега од проблемите и секогаш ќе ви ја каже вистината в лице

Реклама

Ја знаете онаа упорна, амбициозна девојка која секогаш го бара своето, оди со главата „низ ѕид“ и нема влакна на јазикот? Е тоа е жената Овен.

ФОТО: unsplash.com

Една од нејзините најглавни карактеристики е нејзианта тврдоглавост. Во зависност од тоа како ја насочува таа енергија, тоа може да биде предност или мана. Но, она што е важно дека жените Овни знаат тоа да го употребат во своја корист. Жената Овен е многу храбра и никогаш не бега од своите проблеми, туку напротив, секогаш е спремна да се соочи со нив.

Жената Овен е независна, силна и полна со самодоверба. Како таква, таа често им е пример на другите луѓе околу неа. Амбициозна е и мотивирана и никогаш не ѝ е досадно. Таа секогаш има планови и идеи во главата и не се задржува само на мечтаењето, туку смело се впушта во реализација. Ако некој сака да се натпреварува во се’ – тогаш тоа е жената Овен. Не сака да се занимава со лаги и измами, а сака да победува поради себе, но исто така ужива и кога другите ја гледаат како победник. Сака кога знае дека е голема во туѓите очи.

Маркетинг

Владеењето на овој хороскопски знак почнува со будењето на пролетта, па не е ни чудно што оваа жена постојано е во движење и акција. Нејзината планета е Марс, а таа ги прави упорни, активни, вредни, но и агресивни во некои ситуации. Многу работи укажуваат на тоа дека жената Овен никогаш не се откажува од акции и дејствување за подобар и посигурен живот!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button