Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жена Јарец – неверојатно јака и секоја жаба ја претвора во ПРИНЦ

Реклама

Жената Јарец е секогаш доминантна, полна со амбиција и научена на дисциплина. Таа е добро организирана и има трпение и одговорност. Секогаш знае што сака и знае како да дојде до посакуваното.

ФОТО: unsplash.com

Со оваа жена секој ден неприкинато станувате се’ подобри и подобри… додека еден ден не сфатите дека од жаба сте станале принц кој ужива во почитта и авторитетот на сите околу себе. Таа го знаела ова уште додека сте биле жаба, но сепак, видела светло во вас и го знае крајниот резултат, па затоа и вложува во вашите односи. Се’она што бара од својот партнер е да покаже карактер и истрајност, а таа самата ќе ви даде пример за ова.

Жената Јарец може да ги преброди сите животни проблеми, а што и да се деси, таа успева да остане стабилна и мирна и веднаш тргнува да бара решение. Можеби во некои моменти ќе ви изгледа ладна и резервирана, но под таа површина се крие жена со одлична смисла за хумор која тежнее кон сигурност…

Маркетинг

Не е во нејзина природа да се заљуби на прв поглед, ниту пак да губи време на бесмислен флерт за кој знае дека не води никаде. Љубовта за неа сериозна работа и ако некој ѝ се допаѓа, тогаш таа нема да чека судбината да го направи своето, туку секогаш е свесна за своите способности и ги презема работите во свои раце.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button