Жена добила 128.000 евра на лотарија благодарение на „ChatGPT“ – нејзиниот гест ќе ве изненади! (видео)

Жена од американската сојузна држава Вирџинија добила околу 128.000 евра (150.000 долари) на лотарија, откако броевите со кои играла ѝ биле предложени од вештачката интелигенција „ChatGPT“, пренесуваат американските медиуми.
Станува збор за Кери Едвардс, која на 8 септември учествувала во играта „Powerball“ и погодила четири од првите пет извлечени броеви, како и дополнителниот „Powerball број“. Таа изјавила дека броевите ѝ биле генерирани од „ChatGPT“, откако побарала помош од апликацијата со вештачка интелигенција.
И покрај тоа што системот ѝ укажал дека игрите на среќа се непредвидливи и резултатите не можат да се гарантираат, Едвардс сепак одлучила да ја одигра предложената комбинација. Набргу по извлекувањето, добила известување дека освоила награда во вредност од 50.000 долари. Бидејќи претходно ја одбрала и дополнителната „Power Play“ опција, добивката била тројна – 150.000 долари.
Сепај, јавноста особено е фасцинирана од нејзниот гест, откако Кери наместо да ги задржи средствата за себе си, одлучила целата сума да ја донира за добротворни цели. Според нејзините зборови, средствата ќе бидат насочени кон организации и иницијативи кои ѝ се блиски и значајни.
Овој настан одново го отвори прашањето за влијанието на вештачката интелигенција во секојдневниот живот и начинот на кој луѓето ја користат технологијата, па дури и кога станува збор за игри на среќа.