Фатална, шармантна и неверојатно секси. Тоа е жената Близнаци. Непредвидлива е и својата љубезност брзо може да ја замени со ароганција.
Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да се заинтересира за него, затоа што оваа дама не дозволува со нејзиното тело д си игра некој кој не е способен да ја предизвика интелектуално. Таа е многу љубопитна, комуникативна, духовита и многу модерна. Постојано ги прилагодува работите на своите потреби, а истото се обидува да го стори и со партнеот. Промената е важна за нејзиниот живот и психички развој. Таа е подготвена да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност со цел да го добие она што го сака.
Оваа дама лесно се заљубува и затоа тежнее кон тоа да има повеќе од еден љубовник истоврмено. Многу е комуникативна и е способна да го привлече секој кој ќе стапи во контакт со неа.