Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жената Бик е една од најубавите и најстраствените жени во Зодијакот

Реклама

Жените Бик се најуабвите жени во Зодијакот, затоа што се под големо влијание на Венера, планетата која дава убавина, шарм и женственост.

ФОТО: unsplash.com

Овие жени пленат со раскошна убавина која им ја истакнува фактурата, градите и струкот, затоа што имаат облики дури и кога се најслаби. Имаат округли очи, неодолив поглед и убав глас. Нивната главна карактерна црта е упорноста, а најголема мана им е одолговлечкувањето на работите. Сепак, благодарејќи на нивната упорност, тие се подготвени кога- тогаш да дојдат до нивната цел.

Овие жени сакаат да го живеат животот со полни гради, друштвени се и обожаваат забава. На нив секогаш може да се потпре човек, а доколку ги навредите без причина, тоа ќе ви го паметат засекогаш. Можеби нема уште веднаш да реагираат и ќе ви изгледа дека ви простиле, но, тие тоа нема да го заборават. Затоа, внимавајте како им се обраќате. Многу се музикални и уметнички настроени и добро знаат што прават. Дури и кога се крајно спонтани, имаат многу нагласена интуиција која ги води во вистинската насока.

Маркетинг

Жената Бик е еден од најверните членови во семејството. Понекогаш оставаат впечаток како да се занимаваат со се’ друго само не со семејството, но тоа не е вистина, затоа што тие секогаш се тука да помогнат и да дадат совети. Гостопримливи се и најприврзани кон своите сакани.

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button