Жените Бик се најуабвите жени во Зодијакот, затоа што се под големо влијание на Венера, планетата која дава убавина, шарм и женственост.
Овие жени пленат со раскошна убавина која им ја истакнува фактурата, градите и струкот, затоа што имаат облики дури и кога се најслаби. Имаат округли очи, неодолив поглед и убав глас. Нивната главна карактерна црта е упорноста, а најголема мана им е одолговлечкувањето на работите. Сепак, благодарејќи на нивната упорност, тие се подготвени кога- тогаш да дојдат до нивната цел.
Овие жени сакаат да го живеат животот со полни гради, друштвени се и обожаваат забава. На нив секогаш може да се потпре човек, а доколку ги навредите без причина, тоа ќе ви го паметат засекогаш. Можеби нема уште веднаш да реагираат и ќе ви изгледа дека ви простиле, но, тие тоа нема да го заборават. Затоа, внимавајте како им се обраќате. Многу се музикални и уметнички настроени и добро знаат што прават. Дури и кога се крајно спонтани, имаат многу нагласена интуиција која ги води во вистинската насока.
Жената Бик е еден од најверните членови во семејството. Понекогаш оставаат впечаток како да се занимаваат со се’ друго само не со семејството, но тоа не е вистина, затоа што тие секогаш се тука да помогнат и да дадат совети. Гостопримливи се и најприврзани кон своите сакани.