Желбата да ги задоволите другите е сигурен пат кон пропаст. Имате еден живот, живејте го како што сакате!
Во својот живот мора да поставите некои граници. За да можете другите да ги направите среќни, пред се’, мора да бидете вие.
Дали знаете како изгледа животот на личноста која постојано се труди да ги задоволи другите и да направи сите околу неа да се чвуствуваат добро? Личност која не е во состојба да одбие да помогне на кој било и која секогаш е тука за сите, заборавајќи се себеси? Таквата личност на крај станува исцрпена, незадоволна и е на добар пат кон депресија и анксиозност.
Да се биде премногу добар не е ни малку корисно за вашето здравје. Кога блиските личности околу вас ќе се навикнат дека секогаш сте тука за нив, во секој момент, ќе почнат да бараат премногу и премногу да очекуваат, па така ќе ви ја исцрпат сета енергија. Затоа, поставете си некои граници во животот и размислете за кој и колку вреди да бидете добри.
Доколку се пронајдовте во овој опис, тогаш време е да научите да кажете НЕ. Запаметете дека не сте обврзани да им угодувате на сите. Премногу љубезните и добри личности своите желби ги ставаат на крајот и никогаш не ги исполнуваат своите амбиции до крај. Нивните интереси страдаат поради другите луѓе. Сосема е во ред да помагате, но не и тогаш кога тоа оди во ваша штета. Доколку не сте добри кон себе, на крајот нема да бидете ни кон другите. Не навикнувајте ја вашата околина дека можете да постигнете се’, затоа што така секогаш ќе очекуваат премногу од вас.