Нега и здравје

Жал ми е што луѓето не ме пуштаат да си одам – нова трогателна исповед на писателката Ведрана Рудан

Хрватската писателка во нова објава на својот блог зборува отворено за борбата со агресивен рак, за блиските што ја држат во живот и за тоа како изгледа животот кога знаеш дека крајот е близу.

Advertisement

Последниве неколку месеци, хрватската писателка Ведрана Рудан се соочува со тешка болест, па на својот блог го сподели најновиот текст во кој ја пишува вистината за животот пред смртта.

Ова е текстот во целост:

Advertisement

„Па, се враќаш дома. Мачките грицкаат кексчиња, цвеќињата цветаат околу куќата, маж ми во фотелја, на екранот некои кретени се борат за некое прво место.

Ми се јавува пријателката и плаче. Чекам да се смири. „Ова никогаш не ти го имам кажано, незамислив ми е животот без тебе.“ Молчам, затоа што не е пристојно постојано да повторуваш: сакам да умрам, сакам да умрам, а луѓето околу тебе ти ја продаваат таа приказна дека сè е во мои раце, само треба да мислам позитивно…

Маж ми скока од столчето: „Нашите“ сепак ќе бидат шампиони…

Advertisement

Каков ќе биде животот во куќата кога мене ќе ме нема? Што ќе се промени? Ќе му дојде некоја згодна, здрава, ќе му пече палачинки, сите наши заеднички фотографии ќе лежат во подрумот… Се смеам гласно. „Конечно,“ вели маж ми, „гледаш дека хемото има смисла, подобро си, ќе оздравиш…“ „Да,“ велам, „се чувствувам подобро,“ и весело го гледам мажот кој не знае што го чека.

А моите деца? Ми се јавуваат, ме посетуваат, ми подготвуваат посебни ручеци, а јас глумам ентузијазам пред едното дете што сфаќа дека глумам. На другото му се жалам. Ми е жал за луѓето што не ме пуштаат да си одам, а потоа ми паѓа на ум како јас би се чувствувала на нивно место. Би го убила бога во нив ако се откажуваат. Би го задавила маж ми ако ми рече дека кога јас ќе умрам, на каучот ќе седи здрав господин и ќе ѝ фрла јаготки в уста…

„*бате јагодите!“, би вреснала хистерично, „бори се за живот, не ја планирај мојата иднина!“ Затоа не му ја спомнав онаа раскошната во градникот куварка. Повторно ми се јавува пријателката: „Замисли, не заборави на годишнината, ни уплати летување на Корчула…“ А потоа загрижено прашува: „Како си?“ Се чувствува виновна.

приватна архива

Би сакала на моите блиски со нормален глас да им кажам: не се плашам, подготвена сум, опуштете се и вие. Зошто морам да цвркотам: сакам да живеам, сакам да живеам, сакам да живеам…

Кога сите ние ќе сфатиме дека смртта се случува и на оние кои ги сакаме?“, пишува Рудан во најновата објава.

Да потсетиме, во еден подкаст снимен во Хрватска таа зборуваше за својата здравствена состојба во која се нашла:

„Имам многу агресивен рак на жолчните канали кој ретко се открива. Бев на преглед трипати и секој преглед чинеше 1.000 евра во приватна клиника. Во Хрватска може да се оперира оваа форма на рак, а на пример, во Америка тоа сè уште не постои. Прво те зрачат и потоа се намалува туморот, па на хирургот му е полесно да го извади, да направи широк рез. Отидов кај хирургот и тој беше многу задоволен од операцијата.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button