Кожа и нокти

Зголемување на усни на природен начин – домашен рецепт со две состојки за волумен на усни без болка и трошок

Заборавете на естетски зафати, ви носиме домашен рецепт со два состојки кој ветува моментален ефект за бујни усни. 

Advertisement

Бујните и привлечни усни отсекогаш биле симбол на женственост и заводливост. Додека сè поголем број жени се решаваат за скапи естетски интервенции, други бараат побезболни, поевтини и поприродни решенија.

Ефектот на полни усни може да се постигне и дома, со само два едноставни состојки.

Advertisement

Станува збор за комбинација на витамин Е (достапен во аптеките) и масло од цимет (достапно во аптеките) или цимет во прав, две состојки во еден едноставен рецепт кој ветува свежина, здравје и дополнителен волумен.

Витаминот Е е познат по своето регенеративно и хидратантно дејство, кое ги прави усните меки и нежни, додека циметот ја стимулира циркулацијата, создавајќи впечаток на визуелно пополни усни.

Како да го подготвите домашниот серум за усни?

За подготовка на овој едноставен препарат ќе ви бидат потребни:

Advertisement

една рамна кафена лажичка масло од цимет (или половина лажичка цимет во прав),

три рамни кафени лажички течен витамин Е,

мал стаклен или керамички сад,

шишенце за чување на смесата.

Во садот соединете ја една кафена лажичка масло од цимет со три кафени лажички витамин Е. Ставете ја смесата над сад со зовриена вода, дозволувајќи пареата нежно да ја загрее. Потоа истурете ја во подготвено шишенце, добро протресете и оставете да се олади.

Начин на употреба и ефекти

Домашниот серум се нанесува на секои два часа, неколку капки се втриваат со нежна масажа на усните. По кратко време ќе почувствувате благо трнење или пецкање, што е нормална реакција и знак дека препаратот делува. Ефектот, сепак, не е траен – усните изгледаат пополни додека трае дејството на активните состојки.

Овој мал трик е идеален за оние што сакаат да експериментираат со природни методи и да уживаат во ефектот на пополни и привлечни усни, без болка, без игли и без високи трошоци.

Иако резултатот не е траен, брзината и едноставноста на подготовката го прават овој рецепт вистински хит меѓу љубителките на природната убавина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button