Згодни нозе без целулит, тело како Памела Андерсон во најубавите денови – Лила во хит издание на плажа
Никогаш поубава и посреќна, ужива на Копакабана

Популарната водителка го прослави својот 54. роденден, а сега покажа дека изгледа подобро од двојно помлади дами…
Водителката Лила Филиповска ги изненади сите со своите најнови фотографии што ги сподели на социјалните мрежи.
Имено, таа пред само неколку дена лудо го прослави својот 54 роденден, и тоа во „облаците“, остварувајќи го својот сон.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа тогаш сподели роденденски фотографии од авионот со кој патуваше за Бразил, а потоа си ја оствари и роденденската желба – да ја посети познатата статуата на Исус Христос на планината Корковадо во Рио де Жанерио, место кое се смета за едно од седумте светски чуда.
Но по посетата на ова место и необичната прослава на роденденот, Лила реши да им ја оствари желбата и на голем дел од своите фанови кое ја следат на социјалните мрежи, па ги почести со фотографии.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката овој пат покажа како ужива во црвен едноделен костим за капење, но и дека изгледа подобро од кога било досега.
Фотографиите што ги сподели никого не оставија рамнодушен, а со нејзината убава коса, раскошното деколте и беспрекорната линија на која можат да и завидуваат и многу помлади колешки, мамеше воздишки во живо, но и на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Носеше едноделен црвен костим за капење кој совршено ги истакна нејзините атрибути, така што потсетуваше на Памела Андерсон.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Згодни нозе без грам целулит
Со насмевка на лицето, водителката одлучи максимално да го искористи убавото време на ова луксузна дестинација.
Од објавите може да видиме дека ужива за сите пари и си ги полни батериите, пред да им се врати на малите екрани и гледачите.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа и во шестата деценија од животот е полна со енергија и изгледа како да не е остарена ниту еден ден од времето кога прв пат се појави во медиумите, никого не оставајќи рамнодушен со својот шарм.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Како старее изгледа се подобро и подобро, а впрочем за тоа сведочат и овие нејзини изданија од плажа.
Имено, на интернетот често се „вртат“ фотки и од помладите денови на Лила, а како таа изгледаше пред десетина години, во слично издание, само на плажа во Мексико, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Лила Филиповска
Некогаш и сега
Таа и денес изгледа фатално и мами воздишки кога ќе се појави во едно вакво издание, но и знае како да го живее животот, нели?