Згодната водителка од ТВ Сител се соблече на плажа – погледнете како изгледала и пред 20 години
Изгледа како милион долари

Погледнете како една од нашите најубави и најзгодни водителки ужива во топлите летни денови
Покај тоа што веќе цели две децении е една од нашите омилени ТВ лица, Јована Стојменовиќ, важи за една од најзгодните водителки и тоа без ниту еден естетски зафат на нејзиното тело.
Таа што и да облече изгледа прекрасно, а сега реши да се пофали и со својот исончан тен, но и со новиот костим за капење.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
И како и секогаш кога оваа прекрасна дама ќе реши да го направи тоа, во вакво издание изгледа како излезена од магазин.
Впрочем тоа воопшто и не и тешко, бидејќи Јована долго време беше дел и од нашата модна сцена, а еднаш манекенка, цел живот вистинска убавица што освојува, нели?
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Но и покрај тоа што досега повеќе пати не уверила во тоа какво тело има и каква „згодница“ е во прашање, водителката на утринската програма на телевизија Сител секогаш кога ќе го направи тоа никого не остава рамнодушен со својата беспрекорна форма.
Таа веќе неколку дена си ги полни батериите покрај море, од каде редовно се огласува, а сега се сликаше на плажа.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Носеше едноделен костим за капење во кафеава нијанса, а целото издание го зачини со бел сламен шешир и големи очила за сонце.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Потсетуваме, Јована веќе со години ја гледаме на нашите мали екрани, а скоро цели 20 години е дел од тимот „Ја сакам Македонија“.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
Таа и нејзиниот колега Александар Блажевски се едни од најпрепознатливите лица кај нас, а во една пригода Јована сподели и една стара нивна заедничка фотографија, од почетокот на нивната кариера.
Инстаграм/ Јована Стојменовиќ
И она што е најинтересно, тие и двајцата изгледаат речиси непроменето, иако фотографијата е од пред дваесетина години.
Како Јована изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение…