CelebrityMAMAБебињаНаши ѕвезди

Згодната сопруга на пејачот Павле Камилоски раскажа кој им бил „најтешкиот“ момент со двете мали деца

Advertisement

Ирина Камилоска, на јавноста позната како планинарка и сопруга на популарниот пејач Павле Камилоски зборуваше отворено за мајчинството.

Таа е мајка на две мали дечиња. Јосиф го роди пред година ипол, а пред три месеци се породи и со малата Лена. Дома им е навистина забавно, раскажува таа во емисјата во која што гостуваше неодамна.

Advertisement

– Со две мали деца, навистина не е лесно, но родителите на деца со мала разлика треба да се потрудат да направат ред, ако едното спие и другото да спие, ако едното јаде и другото да јаде итн. Така ќе им биде многу полесно – вели таа.

 

View this post on Instagram

 

Advertisement

A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)

Камилоска кога била бремена и во синот и во ќерката до деветиот месец се качувала без проблем на Водно и откако се породила со мали бебиња го правела истото. Прво нејзиниот сопруг и негодувал да оди сама, не му било сеедно, но потоа свикнал.

– Јас не сакав да зависам од Павле за да се качам на Водно. Откако се породив со Јосиф, тој беше многу мал, забележав дека на Павле не му е сеедно што ќе одам сама на планина со бебето. Сепак, колку што е мое тоа е и негово дете, па затоа се сетив да им предложам на моите следбенички, мајки на мали деца, да ми се придружат. Го закажав првото групно искачување, од првиот пат кога дојдоа две мајки денес групата се зголеми на 70 мајки со бебиња – вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)


Во емисијата „Мамавизија“ на Слободен печат, Камилоска открива една интересна ситуација која била сериозен предизвик за мама и тато.

– Бевме на одмор во Црна Гора. Ни предложија да поестиме еден отмен ресторан. Јас и Павле бевме големи оптимисти со две мали деца под две години да одиме во ресторан. Седнавме, нарачавме, ни донесоа храна, пијалоци. Во тој момент Јосиф реши да шета низ дворот, а Лена да плаче. Јас и Павле се поделивме тој на едниот крај од ресторанот, јас се повлеков со бебето да не им пречам на другите на другиот крај. Келнерите едно време ѕиркаа дали сме уште тука, помислија дека сме нарачале храна и сме заминале – раскажува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavle Kamiloski (@pavle_kamiloski)

Доколку сакате целата емисија можете да ја погледнете на ова видео.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button