Наши ѕвезди

Згодна, талентирана и ни носи нова песна – погледнете зошто Драгана Јовановска е посебна

„Оди си” е насловот на најновото музичко издание на младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска, која полека, но сигурно го гради својот музички пат на македонската сцена.

Advertisement

„Оди си” беше вчера објавена на скоро сите музичките платформи, а веднаш потоа Драгана ја сподели и на социјалните мрежи.

приватна архива

Ако може да се суди по првите коментари, тогаш ќе заклучиме дека младата пејачка има одлична летна нумера.

Advertisement

„Драго ми е што може да прочитам позитивни коментари. Можеби оваа песна до сега ми е фаворит, иако и претходните си имаат свој печат и квалитет, нормално. Оваа ми беше љубов при првото пеење и смислување на рефренот.

приватна архива

Оваа песна е моја прва соработка со Иван и мислам дека супер се вклопивме и се разбравме што сакаме да направиме. За текстот беше задолжен Таско, кој својата работа ја заврши фантастично. Задоволна сум од тоа каков пакет направивме и се надевам дека публиката ќе ужива во новата песна и видеозапис за истата.” – вели младата пејачка.

приватна архива

Инаку Драгана како и за претходните песни „Случајно”, „Гламур”, „Камиказа”, така и за најноватa, сними одличен видеоспот со тимот на „Урбан рекордс”.

Advertisement

Уживајте во песната и спотот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button