Згодна Албанка од Македонија во жешко издание со поранешната јатрва?! Ова е хит на Балканот
Ги воодушеви сите со своето тигресто издание
Една од најпознатите албански пејачки од Македонија, Туна Сејдиу, сподели низа фотографии на кои носи тигрест комбинезон.
Туна важи за дама која знае да изненади со своите модни комбинации, а тоа го направи и сега, истакнувајќи го секој детаљ од своето тело и никого не оставајќи рамнодушен.
Во прашање е тесен комбинезон со тигрест дезен со кој го нагласи своето беспрекорно тело, но и раскошните облини.
Инстаграм
Туна овој провокативен комбинезон го носеше со црни сандали со високи штикли, впечатлива шминка и коса врзана во елегантна опашка.
Инстаграм
Инаку, Туна во ова издание се појавува во својот нов спот за песната „My love“, која што ја сними во дует со Нора Истрефи од Косово.
Инстаграм
Станува збор за прв дует на овие две атрактивни Албанки кои со својот шарм и сексапил никого не оставија рамнодушен.
Инстаграм
Тие и двете се успешни во својата кариера, но и поранешни јатрви во приватниот живот, што овој дует го прави уште поинтересен.
Инстаграм
Нивната песна за само два дена има преку еден милион прегледи на јутуб, а преставува интересен спот на стиловите на Туна и Нора. Самиот спот е поприлично уметнички, а и двете пејачки ги оставија сите без зборови и со нивната беспрекорна женственост.
Инстаграм
Потсетуваме, Туна Сејдиу по пет години брак се разведе од косовскиот пејач Патрис Бериша. Ова е втор развод на пејачката – таа претходно беше во брак со бизнисменот Рилинд Река, но тој брак траеше кратко.
Туна и Патрис се венчаа во 2017 година, а брзо потоа се роди нивниот прв син Тиан, а во 2021 се роди и вториот син Зен.
Инстаграм
Нејзината колешка Нора беше во брак со Роберт Бериша со кого има ќерка Рене, но и таа по неколку години се разведе.