Интервју

Женски муабети со Стојне Николова: „Моето име е ретко, крстена сум по баба ми“

Еден од омилените ритуали ми е пешачење во природа, вели пејачката

Реклама
Реклама

Убавата Стојне Николова која за многу кратко време стана миленичка на многумина е една од најпопуларните фолк-пејачки на естрадата. Ако не сте ја слушнале Стојне во живо, задржете се од било каков лош коментар за неа, затоа што таа има такви воклани способности и однесување како една светска ѕвезда.

фото/ Приватна архива

Таа ги има сите квалитети за една ѕвезда. Од соодветната облека која што секогаш паметно ја одредува, да не биде иста како сите, а сепак компатибилна за дадената ситуација, до моментот да го помеша вешто пристојниот со секси изгледот, а во исто време да ја запази актуелната мода,

Стојне внимава на својот изглед, секогаш е во витална форма, со средена фрозура и уредна шминка.

Маркетинг

Оваа симпатична дама е прекрасно друштво за муабетење, а доказ за тоа е и нашиот разговор  со неа во продолжение.

Дали како и повеќето музичари и вие ги прескокнувате (преспивате) утрата? Кој ви е најубав дел од денот?

Со оглед на тоа што вечерно време работам ,некаде е и нормално да ги преспивам утрата зошто телото си бара одмор. Најубав дел ми е попладнето.

Маркетинг
фото/ Приватна архива

Имате ли ритуали кои ги правите секој ден?

Еден од омилените ритуали ми е пешачење во природа, со којшто се релаксирам и ги полнам батериите и гледам да го практикувам ако не секој, барем петпати во неделата.

Од секогаш сте имале одличен изглед, на што се должи на генетика или на многу внимателна исхрана и здрав начин на живот?

Дефинитивно повеќе е генетика. Внимавам колку и што јадам, а и тренирам, но поради честите патувања не секогаш сум во можност да се држам до здрава исхрана и да тренирам.

Кое ви е омилено јадење?

Леќа.

Дали преферирате да се храните надвор или можеби сте одлична во кујната?

Најчесто јадам надвор, но секое слободно време го користам да спремам нешто за мене и моите најблиски.

 

Каква музика се слуша во вашиот дом? Кои ви се омилени пејачи, песни…

Кај мене може да се слушне секаков жанр од фолк до поп-рок….се што е квалитетно. Имам повеќе омилени вокали од кои многу сум научила.

Книга или филм?

Книга. „Најдоброто од мене“.

 

 Како го поминувате слободното време? Што ве релаксира?

.Слободното време гледам да го поминам со моите најблиски.Често одам во Струмица и таму највеќе се релаксирам во природа.

 Струмица ви е во срцето, за тоа сте зборувале многу пати, присетете се на вашето детство. Какво дете бевте, каква ученичка, ќерка, сестра, каква другарка?

Јас сум најголемо дете од трите деца во фамилија Николови. Растевме со многу љубов и слога.Како дете бев доста немирна,и бидејки најголема,јас им бев водачот за разните нереди и игри во групата со моите двајца браќа.Бев добра ќерка,послушна но понекогаш инаетлива,како сестра секогаш интересна,како ученичка одлична,а како другарка-доверлива.🙂

 Почнувате да пеете од млади години, Бог ви дарил дарба, но покрај оваа професија за што друго сте умешни? Дали сте размислувале некогаш за друга професија?

Уште од мала сум сакала да пеам,танцувам и глумам. И ако не бев пеачка,они што ме виделе и во тие улоги знаат да кажат дека дефинитивно нема да погрешев ако избрав глума или танц како професија.

 Имате навистина ретко име, дали е тоа наследно , која приказна се крие зад тоа како го добивте името Стојне?

Да навистина е ретко име.Нема некоја приказна. Крстена сум по баба ми, и иако како помала можеби сум го сметала името за старомодно, сега во мојата професија сум единствена со вакво име (што е од корист) и не би го менувала.

Кој ви е најдобар пријател?

Имам повеќе .

Дали може да ни најавите нешто ново на музички план?

Спремам нови песни дел помодерни а дел во оној познат наш фолк мелост,кои ќе излагаат сите заедно со видеа.

И го подготвувам и третиот албум.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button