Популарната пејачка Даниела Темелковска е една од најатрактивните фолкерки кај нас. И покрај тоа што оваа жена од неодамна стана баба, таа секогаш блеска со нејзината појава.
Кај Даниела никогаш не се забележало вишок на килограми, неуредна фризура, лоша шминка или вулгарна облека. Умешно ги адаптира модните трендови со нејзиниот уникатен стил и навистина се разликува од останатите на сцената.
Нејзината песна понекогаш весела и разиграна, понекогош љубовна балада секогаш се претвора во хит меѓу публиката.
Успеваме да откраднеме малку време и да испиеме едно кафе со прекрасната Даниела. Во продолжение ви го пренесуваме разговорот што го направивме со цел да дознеме работи кои таа не ги кажала досега никаде.
Уживајте!
Отсекогаш сте имале одличен изглед, на што се должи на генетика или на многу внимателна исхрана и здрав начин на живот?
Ви благодарам на убавите зборови, сепак сметам дека генетика е во прашање
Кое ви е омилено јадење? Дали преферирате да се храните надвор или можеби сте одлична во кујната?
Знам да готвам секогаш кога наоѓам слободно време, а тоа е многу ретко.
Колку ви се промени животот по улогата баба?
По доаѓањето во нашиот живот на малата Јана, мислам дека сите станавме подобри луѓе и нашата душа е уште повеќе полна со трпение и љубов кон животот.
Јавноста од секогаш ве знае како русокоса. Дали некогаш сте ја промениле бојата на косата?
Родена сум бела и плава и не мислам да менувам боја.
Како станавте пејачка? Присетете се на моментот кога првпат фативте микрофон. Како изгледаа вашите почетоци на кариерата.
Првите почетоци беа во моето детство кога посетував музичко училиште, свирев хармоника и учествував во златно славејче, а потоа во позрелите години првпат се фатив за микрофонот на мојата свадба.
Дали сте размисливале некогаш за друга професија?
Доколку не ми се исполнеше оваа желба да бидам пејачка, ќе бев доктор.
Каква музика се слуша во вашиот дом?Кои ви се омилени пејачи, песни…
Во зависност од расположението се што е квалитетна и издржана музика.
Што преферирате повеќе книга или филм?
Повеќе книга, во последните години кога наоѓам време ги препрочитувам руските класици, кој што сме ги читале во средно училиште, и секско нашиот Венко Андоновски.
Како го поминувате слободното време? Што ве релаксира?
Слободното време го поминувам со мојата внука Јана, таа е најтоплата прегратка, најубавата насмевка и најмилите очи.
Кој ви е најдобар пријател?
Најдобар пријател ми е личноста што се грижи за поголем број од естрадата, а тоа е нашата омилена докторка Вики Толевска.
Ако треба да ја отворите чантата во овој момент што ќе најдеме во неа?
Доколку ја отворите мојата чанта прво нешто на што ќе налетате е мојот распоред на музички ангажмани и сите неопходни работи што може да се најдат во една женска чанта.
Дали може да ни најавите нешто ново на музички план?
Да, нова песна која што е во припрема и ќе биде вистинско изненадување и освежување за македонската публика.