Има една епизода во „Сексот и градот“ во којашто, по раскинување на врската и дознавањето дека потрошила 40.000 $ за Маноло Бланкс, Кери Бредшо се наоѓа во финансиски проблеми.
Кога почнува да дискутира за нејзините финансиски проблеми со пријателките, Шарлот станува премногу чувствителна. „Луѓето се чудни кога станува збор за парите“ коментира Саманта.
Оваа ситуација не е невообичаена меѓу жените. Всушност, таа е вообичаена; а тоа е непријатно. Жените се познати по тоа што ги споделаат речиси сите лични детали со нивните пријателки, како на пример кога имаат период, кога се карале со својот љубовник/родител/роднина/пријател, дури и она што јаделе тој ден. Но, кога станува збор за парите, има многу помалку споделување отколку што би требало.
Тоа е позната статистика дека жените заработуваат значително помалку отколку мажите на исто работното место. Всушност, немаме шанса да ги стигнеме до 2096!!! Па зошто, тогаш, на жените им е толку непријатно да разговараат за платата со пријателите и колегите? Кога станува збор за средства за кои треба договор, без разлика дали тоа е годишен приход или колку ќе треба да се потроши за подарок на свадба, зарем не би било пологично (и покорисни) да бидеме свесни за тоа колку заработуваме со цел самите да донесеме најдобра одлука?
На сите ни е познато дека Карлеуша не штеди кога е модата во прашање, но знае ли некој колку всушност заработува таа?
„Ајде да се соочиме со тоа: Попрво ќе ја споделиме бројката на вагата, отколку бројката за платата“, вели Никол Лапин, финансиски експерт и автор на „Богата кучка“, која, исто така, е силен поборник жените да станат погласни за своите финансии. „Ние мора да бидеме комуникативни за да ја објавиме нашата вредност. Важно е да знаете колку другите луѓе кои работат во вашата индустриска гранка заработуват и да проверете дали вие сте соодветно платени за вашите вештини.“
Па како да ја промениме перцепцијата за парите како табу тема? И како може да се отвориме кон пријателите и колегите? Според Лапин, сè се сведува на нашиот пристап. Наместо да прашате директно, што може да им стане непријатно на луѓето, не спомнувајте ја веднаш ниту платата. „Кажете ѝ на вашата пријателка или колешкаа дека сте заинтересирани да дознаете повеќе во врска со разните бенефиции во нејзината кариера, вклучувајќи го и она колку еден типичен човек на нејзина позиција зарботува“, вели Лапин. „Ќе биде поголема веројатност дека таа ќе биде поотворена доколку може да зборува на генерална тема, а вие би можеле да дознаете едно или две нешта повеќе.“
Затоа, ајде да започнеме со поведување разговор за финансиите со оние кои се како нас. Бидејќи без прво меѓусебно да си помагаме, како е можно да почнеме да менуваме сè друго?