Жените на возраст од 20 или 30 години се подложни на најголем стрес. Може ли тоа да сте вие?
Според една неодамна објавена студија од страна на Американската психолошка асоцијација, еве го профилот на лицето под најголем стрес во САД: жена во нејзините 20-ти или 30-ти, која е родител и заработува помалку од $ 50.000 годишно.
Сааамооо една секунда. Претпоставувам дека многу жени кои се вклопуваат во овој опис. Дали овој профил и вам ви звучи познат? И дали можеме да кажеме дека и кај нас жените кои имаат помала годишна плата од 5000 долари (во просек околу 20.000 денари месечно), или пак се без работа, се под стрес?
Можеби најважното нешто што треба да произлезе од студијата – која откри дека жените се повеќе под стрес отколку мажите, родителите се под поголем стрес отколку оние кои не се родители, дека луѓето во доцните 20-ти и раните 30-ти се најстресна возрасна група и дека домаќинствата што заработуваат помалку од 50.000 $ годишно се најмногу подложни на стрес од сите – е дека начините што луѓето ги имаат на располагање за справување со стресот се навистина загрижувачки.
Според извештајот, Американците се справуваат со стресот така што:
• Сурфаат на Интернет
• Гледаат телевизија
• Пушат
Иако овие активности може да имаат одредено влијание врз нивото на стрес на тој начин што луѓето се чувствуваат поспокојно, тие всушност прават многу малку за стресот на долг рок, особено за стресот што влија врз здравјето. Ако се чувствувате под стрес, проверете некои наши совети за тоа како да се справите со истиот – и можеби ќе почнете со трчање да ја согорите сета таа енергија, со поминување време со пријателите, медитирање, смеење, одење на прошетка или дури разговар со професионалец.
Како вие се справувате со стресот? И што мислите, каква е ситуацијата со стресот кај нас, воопшто?