Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жена Лавица – мајка борец која до крај оди за своите сакани

Реклама

Кога ќе се спомене хороскопскиот знак Лав, многумина помислуваат на нарцисоидност и себичност. Не дека не ги поседуваат овие карактеристики, но, покрај нив, Лавовите имаат и добри страни кои ги прават супер-родители.

ФОТО: parentmap.com

Жената Лавица е мајка-борец, таа е верна и лојална и секогаш до крај оди да се бори за своите сакани. Лавицата никогаш нема да дозволи некој да ги понижува нејзините деца, ниту пак блиското семејството. Оваа жена е амбициозна и се труди додека не дојде до својата цел. Знае што сака и за што вреди да се бори за себе и за своите блиски. Покрај мајакта Лавица, децата се чувствуваат сигурно и засолнето. Тие им влеваат самодоверба на личностите околу нив и секогаш се спремни да го дадат искрениот и точниот совет за во секоја ситуација.

Лавиците го сакаат животот и се подготвени да стекнат нови искуства и да добијат нови знаења. Оптимисти се, при што нивните сакани секогаш се чувствуваат пријатно покрај нив. Речиси никогаш не ги лажат своите сакани, а ниту пак се лажат себеси. Не озборуваат и секогаш директно ги кажуваат работите в лице, при што и нивните деца ги учат на вакви навики.

Маркетинг

Лавицата сака искрено, страсно и не гледа назад. Нејзиното срце е полно со љубов, а кога на нејзините деца ќе им излезе некој проблем, тие знаат како да се справат со него, иако можеби претходно не направиле детален план за тоа.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button